Најинтересниот натпревар во Е-Х сегментот во Лигата на Шампиони ќе се одигра на Рамон Санчез Писхуан стадионот каде ќе се сретнат екипите на Севиља и Јувентус.


Домаќините во дерби средбата влегуваат од првата позиција во групата со 10 бодови и без пораз додека „старата дама“ со две победи и две реми е на втората позиција.

Италијанскиот првак на гостувањето во Шпанија ќе настапи без најскапото засилување Гонзало Игуаин кој поради повреда остана во Италија.

Првиот меч во Торино кој го одиграа двете екипи заврши без голови и без победник 0-0.

Двојки:

Група Е: ЦСКА Москва – Баер Леверкузен, Монако – Тотенхем

Табела: Монако 8, Баер Леверкузен 6, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 2.

Група Ф: Борусија Дортмунд – Легија, Спортинг Лисабон – Реал Мадрид

Табела: Борусија Дортмунд 10, Реал Мадрид 8, Спортинг Лисабон 3, Легија 1.

Група Г: Копенхаген – Порто, Лестер – Клуб Бриж

Табела: Лестер 10, Порто 7, Копенхаген 5, Клуб Бриж 0

Група Х: Динамо Загреб – Лион, Севиља – Јувентус

Табела: Севиља 10, Јувентус 8, Лион 4, Динамо Загреб 0.

OhridNews