Со мечевите од шестата рунда од Е-Х сегментот ќе се спушти завесата во групната фаза во Лигата на Шампиони.


Европскиот првак, Реал Мадрид на домашен терен ќе го пречека составот на Борусија Дортмунд. Двете екипи изборија пласман понатаму, но мечот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде значаен за првата позиција во групата. Реми оди во прилог на германците, а на „кралевите“ им одговара само победа.


Во Лион, пак, ќе се кршат копјата за европска пролет. Домашниот состав во последното коло ќе ги одмери силите со Севиља која има три бодови предност на табелата. Исто како на „кралевите“ само триумф е во игра за Лион кој моментално се наоѓа на третата позиција.

Двојки:

Група Е: Леверкузен – Монако, Тотенхем – ЦСКА Москва

Табела: Монако 11, Леверкузен 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3

Група Ф: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд, Легија – Спортинг

Табела: Борусија Дортмунд 13, Реал Мадрид 11, Спортинг 3, Легија 1

Група Г: Порто – Лестер, Клуб Бриж – Копенхаген

Табела: Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Клуб Бриж 0

Група Х: Лион – Севиља, Јувентус – Динамо Загреб

Тaбела: Јувентус 11, Севиља 10, Лион 7, Динамо Загреб 0.

OhridNews