Екипата на Јувентус го совлада Атлетико Мадрид со минимални 1-0 и го осигура првото место во  групата, додека Тотенхем со фантастичен пресврт се врати од 2-0 негатива и славеше со 4-2.

Во триумфот на Јувентус херој беше Пабло Дибала. Аргентинецот при крајот на првиот дел го „сликаше“ Јан Облак матирајќи го од слободен удар.

Дете собирач на топки покрај аут линијата ги доби сите заслуги за вториот гол на Тотенхем. Тој одма му ја уфрли топката на домашните фудбалери кои режираа контра за 2-2, а подоцна и пресврт за победа.

OhridNews