Најдобриот стрелец на Вардар во досегашниот тек од натпреварите во Лигата на шампиони, Тимур Дибиров, се најде во идеалниот тим на четвртото коло. Дибиров постигна девет голови, во ремито на Вардар во Монпеље (34-34).
Руското лево крило по четири натпревари се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампиони со 31 гол, два помалку од првиот на листата Момир Илиќ од Веспрем.
Идеалниот тим на четвртото коло: Голман: Родриго Коралес (Висла), Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар), Лев бек: Матие Гребиј (Монпеље), Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед), Десен бек: Марко Вујин (Кил), Десно крило: Фахрудин Мелиќ (ПСЖ). Пивот: Растко Стојковиќ (Брест Мешков).
„Макфакс“











