Рускиот интернационалец во Вардар, Тимур Дибиров го одбележа колото во Лигата на шампиони постигнувајќи 12 погодоци во триумфот над Монпеље.


За левото крило место имаше во најдобрите три ѕвезди на колото и во ТОП 5 погодоци каде еден од неговите голови беше сместен на третата позиција.


Со ефикасниот натпревар Дибиров изби на второто место на листата на стрелци. Водечки е македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со 69 голови.

Ohridnews