Големата победа на Вардар во Манхајм против Рајн Некар Левен не остана незабележана од ЕХФ во  изборот на најдобрите ракометари, голови и одбрани во 11-та рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Најпрецизниот во составот на „црвено црните“ Тимур Дибиров со седум голови од девет обиди се најде на левата крилна позиција во идеалниот тим, додека цепелинот во режија на Игор Карачиќ и Даинис Кристопанс е дел од најдобрите пет голови.

Видео прилогот од најдобрите ракометари во 11-та рунда можете да го погледнете тука, прилогот од ТОП 5 головите тука, а најдобрите голмански одбрани тука.

Вардар со триумфот во Германија стигна до важни бодови во битката за втората позиција и не можеше да приреди подобра најава за мечот во Веспрем кој се игра в сабота на 16 февруари.

Најдобрите седум:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Микал Јурецки (Киелце)

Среден бек: Барус Похоуски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Иван Сршен (Загреб)

Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

Голман: Винсен Жерард (Монпеље)

OhridNews