Пет од пет победи за домаќините на првите мечеви од плејофот во Лигата на шампиони. Најубедлив беше Манчестер Јунајтед кој со 3-1 го совлада Бриж. Гостите дојдоа во предност со автоголот на Карик. Депај на два пати и Фелаини во судиското надополнување беа стрелци на головите за “црвените“.
Лацио славеше минимално 1-0 над Леверкузен благодарени на голот на Кеита во 79 минута. Идентични 1-0 победи забележаа Бате Борисов над Партизан, односно Астана над Апоел.
Спортинг ќе ја брани предноста од 2-1 на гостувањето кај ЦСКА во Москва.
Првата рунда ќе биде комплетирана со мечевите: Рапид – Шахтјор, Базел – Макаби, Селтик – Малме, Скендербег – Динамо, Валенсиа – Монако.