Италијанскиот првак Јувентус го делат уште 90 минути за пласман во финалето во Лигата на Шампиони. „Старата дама“ пред своите гледачи против составот на Монако има обврска и задача да ја одбрани предноста (2-0) од првиот полуфинален натпревар.
Се е на страната на Јувентус, но нивниот предводник Масимилијано Алегри изјави дека најопасни екипи се оние што немаат што да изгубат како Монако. Никој тим до сега во нокаут фазата во ЛШ не се вратил од 2-0 негатива после првиот натпревар на домашен терен.
„Бјанконерите“ пред своите гледачи ќе играат за финален билет во Кардиф и потоа атак на третата круна во Лигата на Шампиони.
Двајцата тренери немаат посериозни проблеми околу играчите и со најсилниот арсенал ќе истрчаат на мегдан во Торино.
OhridNews