Шпанскиот Реал Мадрид и германскиот Волфзбург против Рома односно Гент пред себе имаат домашна задача во реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на Шампиони.


Половина од задачата „кралевите“ и „волците“ успешно ја завршија откако славеа на првите мечеви (2-0) и (3-2) на терените од противниците.

И традицијата е на страната од Реал Мадрид и Волфзбург која вика дека многу ретко екипа испаднала која го добила првиот меч и тоа како гостин.


Мечевите на Сантијаго Бернабеу и Волксфаген арената ќе означат почеток на реванш мечевите во 1/8 финалето во ЛШ.

OhridNews