Италијанскиот шампион Јувентус и бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид пред своите гледачи против екипите на Севиља и Спортинг Лисабон ќе ги започнат мечевите од новата сезона во најквалитетно натпреварување во Европа.


Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Спортинг Лисабон е во фокусот поради Кристијано Роналдо кој токму од португалскиот клуб се проби во фудбалските небеси.

Дуелот меѓу шампионот на Италија и победникот од Лигата на Европа е окарактеризиран за дерби на колото, а во Торино двете екипи ќе имаат задача да го оправдаат овој епитет.

Во фудбалската програма вечерва ќе се приклучат и Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах откако мечот не одиграа синоќа поради обилните врнежи во Англија.

Двојки:

Група Ц: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах

Група Е: Баерн Леверкузен – ЦСКА Москва, Тотенхем – Монако

Група Ф: Легија – Борусија Дортмунд, Реал Мадрид – Спортинг Лисабон

Група Г: Клуб Бриж – Лестер, Порто – Копенхаген

Група Х: Јувентус – Севиља, Лион – Динамо Загреб

OhridNews