Екипите на ПСЖ и Јувентус на реванш натпреварите во осминафиналните дуели од Лигата на Шампиона на домашен терен имаат задача ја одбранат предноста која ја стекнаа на гостински терен.

“Светците“ неочекувано лесно славеа над Валенсија на “Местаља“ со 2-1, но тогаш го загубија Златан Ибрахимовиќ кој заработи директен црвен картон.

Избраниците на тренерот Антонио Конте голем дел од работата завшија во Глазгов, кај што триумфираа со убедливи 3-0. Натпреварот пред своите гледачи “бјанконерите“ треба рутински да го одработат и да им се придружат на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Мх.П.