Премиерлигашот, Манчестер Јунајтед испадна губитник од драмата во последната рунда од Б групата откако Волфзбург и ПСВ Ајндховен обезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на Шампиони додека англичаните утехата ќе ја бараат во Лигата на Европа.


„Црвените ѓаволи“ во решавачкиот натпревар претрпеа пораз 3-2 од Волфзбург во Германија иако поведоа со 1-0 и изедначија на 2-2. Холандскиот првак со пресврт успеа да ја совлада ЦСКА Москва со 2-1 што им го трасираше патот до 16-те најдобри на стариот континент.


Покрај, Волфзбург и ПСВ Ајндховен пласман во елиминациската фаза обезбедија Реал Мадрид и Пари Сент Жермен од А групата, Атлетико Мадрид и Бенфика од Ц групата и Манчестер Сити и Јувентус од Д групата.

Друштво на англичаните во ЛЕ ќе им прават Севиља, Галатасарај и Шахјтор Доњецк.

Резултати :

Група А : ПСЖ – Шахјтор 2-0, Реал Мадрид – Малме 8-0

Табела : Реал Мадрид 16, ПСЖ 13, Шахјтор 3, Малме 3

Група Б : Волфзбург – Мен Ју 3-2, ПСВ – ЦСКА 2-1

Табела : Волфзбург 12, ПСВ 10, Мен Ју 8, ЦСКА М. 4

Група Ц : Бенфика – Атлетико Мадрид 1-2, Галатасарај – Астана 1-1

Табела : Атлетико Мадрид 12, Бенфика 10, Галатасарај 5, Астана 4.

Група Д : Мен Сити – Б. Менхенгладбах 4-2, Севиља – Јувентус 1-0

Табела : Мен Сити 12, Јувентус 11, Севиља 6, Менхенгладбах 5.

Мх.П.