Дрим тимот на Вардар утехата за болниот пораз од Ѓер ќе ја бара пред своите гледачи во дуелот со тоталниот аутсајдер во групата австриски Хипо.


Натпреварот со австријките ќе биде последен за „црвено црните“ во групната фаза која ќе ја завршат на втората позиција и во втората рунда ќе пренесат четири бодови.

– Ваквите натпревари некогаш знаат да бидат многу потешки отколку натпревар со посилен противник. Нема да дозволиме да има опуштање на овој натпревар, цела недела се обдуваме да внесеме малку тензија на тренинзите, така што овој меч ќе го одбработиме како да играме со некоја најсилна екипа. Овој меч ќе биде добар за оние девојки кои на претходните дуели немаа шанса да играат, сигурно е дека тие ќе добијат поголема минутажа. – рече Индира Кастратовиќ.

Стратегот на Вардар за мечот со Хипо на располагање ќе ја нема Сања Дамјановиќ која има дисторзија на скочниот зглоб.

Натпреварот ЖРК Вардар-Хипо в сабота ќе започне во 17:30 часот, додека в недела ќе играат Митјиланд и Ѓер.

Ohridnews