Седумте голови на шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев во триумфот на Вардар на Монпеље му обезбеди место во идеалниот тим за 14-та рунда од Лигата на Шампиони.


Душебаев уште еднаш ги покажа своите неспорни квалитети, а „црвено црните“ во голем стил го најавија мечот со Висла Плок во 1/8 финале.

Репрезентативниот чувар на мрежата Борко Ристовски на мечот со Барселона имаше неколку блескави одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите.

Најдобрите одбрани од 14-та рунда меѓу кои е и одбраната на Ристовски можете да ги погледнете ТУКА, а исто и најдобрите пет погодоци можете да ги погледнете ТУКА.

Тимот на колото:

Лево крило : Доминик Клајн (Кил)

Лев бек: Даниел Нарцис (ПСЖ)

Среден бек: Дибар Покуоски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Алекс Душабеав (Вардар)

Десно крило: Гаспер Маргуч (Веспрем)

Пикер: Бјарт Мајнхол (Скјерн)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

OhridNews