Ракоментиот клуб Вардар имаше половичен успех во европските натпревари викендов што измина. Машката екипа го победи Целје, додека женска во дербито на колото претрпе пораз од Будуќност.


Таквиот развој на настаните веднаш се осети во изборот на најдобрите за натпреварите кои се одиграа. Машката екипа на Вардар во Алекс Душебајев има свој преставник во тимот на колото, додека Амандин Лејно ја има најдобра одбрана во женска конкуренција.

Видео прилогот од идеалниот тим во ЛШ можете да го погледнете тука, а петте најдобри одбрани во женска конкуренција тука.

Идеалниот тим:

Лево крило: Гујдон Валур Сигурдсон (Рајн Некар)

Лев бек: Момир Илиќ (ВеспреМм)

Среден бек: Габор Шчазар (Кадетен Шафхаузен)

Десен бек: Алекс Душабајев (Вардар)

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)

Пикер: Михаел Кнудсен (Силкерборг)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона).

OhridNews