Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев доби двојно признание од европската куќа на ракометот (ЕХФ) за перформансот на мечот со Чеховски Медведи.

Шпанскиот интернационалец во убедливата победа 39-28 постигна седум погодоци и се најде во идеалниот тим на колото во втората рунда пред Кирил Лазаров кој исто така имаше маестрална престава.

Еден од седумте погодоци на Шпанецот се најде на првото место во изборот на ТОП пет голови од втората рунда.

Мх.П.