Клучната улога во триумфот на Вардар над Пик Сегед во Унгарија му донесе двојно признание на Арпад Штербик од ЕХФ. Чуварот на мрежата прогласен е за најдобар голман во 11-та рунда од Лигата на Шампиони, а една негова одбрана од вкупно 14-те е избрана меѓу најдобрите пет.


Да не биде осамен Штербик во идеалното друштво се погрижи Тимур Дибиров кој имаше речиси перфектен учинок. Русинот ја зазеде левата крилна позиција во идеалниот тим на колото.

Најдобрите пет одбрани во ова коло ги најавија Борко Ристовски кој активно учествуваше во победата на Барселона против Кадетен Шафхаузен.

Најдобрите одбрани и најдобрите голови можете да ги погледнете тука и тука, додека изборот за идеалниот тим можете да го погледнете на следниот линк тука.

Идеалниот тим:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Борут Мацковчек (Целје)

Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)

Десен бек: Абел Лагергрен (Кристијанштад)

Десно крило: Патрик Грецки (Рајн Некар)

Пикер: Јеспер Нилсен (ПСЖ)

Голман: Арпад Штербик (Вардар).

OhridNews