Германскиот првак Баерн Минхен совладувајќи ја ЦСКА во Москва со 1-0 ја забележа втората победа во исто толку натпревари во групата Е од Лигата на Шампиони.
Човек на одлука беше германскиот репрезентативец Томас Милер, кој во 22-та минута во погодок го материјализираше ударот од белата точка.
Во третата рунда од групната фаза „баварците“ ќе се сретнат со фудбалерите на Рома.
Мх.П.