Шведскиот интернационалец во редовите на Пари Сент Жермен, Златан Ибрахимовиќ ќе паузира еден натпревар во Лигата на Шампиони поради црвениот картон на дуелот со Челси.
Ибрахимовиќ во 32-та минута од реванш натпреварот во 1/8 финалето во ЛШ неправедно беше исклучен од Бјорн Кјуперс по стартот над Бразилецот, Оскар.
На еден начин со казната од еден меч дисциплинската комисија на УЕФА ја потврдува грешката на холандскиот арбитар, кој имаше слаб перформанси во Лондон.
Предводникот на „светците“ ќе го пропушти првиот четвртфинални натпревар додека ќе биде со екипата за реваншот.
Мх.П.