Победата и пласманот понатаму во Лигата на Шампионите дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини му ги посвети на Давиде Астори кој ненадејно почина во сон во неделата. Смртта на капитенот на Фиорентина ја потресе целата Италија, а Киелини раскажа низ се што минале фудбалерите на Јувентус во пресрет на подготовките за дуелот со Тотенхем кој го добија со 2-1 и со вкупен резултат (4-3) обезбедија пласман во ТОП 8.

– Неговата смрт ме потресе, плачев неколку дена како мало дете. Цело време тој ми беше и се уште ми е во мислите, иако требаше да се скоцентрирам за мечот со Тотенхем. Воопшто не е лесно да се помине низ сето ова. Сите заедно ќе одиме да се збогуваме и за последен пат да го поздравиме нашиот пријател. Тој ќе живее секогаш во нас. – изјави Киелини после мечот со Тотенхем.

Италијанскиот репрезентативец статистички беше најдобар фудбалер на Јувентус, а многу веројатно ќе ја понесе и наградата за играч на колото во реванш мечевите од ЛШ. Давиде Астори ќе биде погребан денеска во близина на Фиренца, а срцев удар при спиење е точната причина за неговата смрт.

OhridNews