Англискиот првак, Лестер го задржа стопроцетниот ефект во Лигата на Шампиони победувајќи го составот на Копенхаген со минимални 1-0 во третата рунда од групната фаза.

Лестер е единствена екипа од Е-Х сегментот со три победи во исто толку натпревари и само чудо може да ги спречи да не обезбедат пласман во нокаут фазата.

Човек на одлука на мечот на „Кинг Пауер“ стадионот беше Ријад Марез кој прецизно стрелаше во 40-та минута од првиот дел.


Најубедлива победа во воведните мечеви од третата рунда забележа европскиот шампион, Реал Мадрид кој со 5-1 го декласираше тимот на Легија. Петте голови за „кралевите“ ги постигнаа пет различни играчи, а во листата на стрелци не успеа да се запише Кристијано Роналдо. Головите беа дело на Бејл, Асенсио, Лукас Васкез, Мората и Јодловиеч кој сам си ја затресе мрежата.

Резултати:

Група Е: Леверкузен – Тотенхем 0-0, ЦСКА Москва – Монако 1-1

Табела: Монако 5, Тотенхем 4, Леверкузен 3, ЦСКА Москва 2

Група Ф: Реал Мадрид – Легија 5-1, Спортинг – Борусија Дортмунд 1-2

Табела: Реал Мадрид 7, Борусија Дортмунд 7, Спортинг 3, Легија 0

Група Г: Клуб Бриж – Порто 1-2, Лестер – Копенхаген 1-0

Табела: Лестер 9, Порто 5, Копенхаген 4, Клуб Бриж 1

Група Х: Динамо Загреб – Севиља 0-1, Лион – Јувентус 0-1

Табела: Јувентус 7, Севиља 7, Лион 3, Динамо Загреб 0.

OhridNews