Европскиот првак Барселона со 27-25 (12-15) го совлада Вардар во дербито на 10-то коло во групната фаза од Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ го имаа во своите раце шампионот на Европа, но не успеаја да го нокаутираат и да слават голема победа.

Каталонците со помош од судиите и голманот Перез де Варгас се вратија во игра за поволен резултат.

Со серија од три погодоци гостите од Шпанија го презедоа водството и го капитализираа во победа, втора над Вардар во групата.

Голманот на Барселона имаше 18 одбрани, Жалуз одново го предводеше нападот со 8 погодоци, Томас реализираше 7, а Лазаров броеше до 4.

Во Вардар најпрецизен беше Горбок со пет голови додека Карачиќ, Циндриќ и Шишкарев реализираа по три.

Со двата триумфи над Вардар ракометарите на Барселона ги запоседнаа врвот во групата.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.