Европскиот првак Барселона ја запиша третата победа во групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Монпелје со убедливи 37-27.


Со 12 погодоци без ниту едно промашување македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров беше творец на победата на каталонците против незгодните французи.

Лазаров кој минатиот викенд го прослави 1000-от погодок во ЛШ направи нов подвиг за кој ќе се зборува многу и тешко дека некој друг ќе го повтори.

Македонскиот репрезентативец со перфектниот учинок се доближи на врвот на листата од стрелци со 28 голови.

Водечкиот Габор Шчазар има 31 додека после него следува Кристијан Бјорсен со 30 погодоци.

Мх.П.