Атлетико Мадрид и македонскиот интернационалец Кирил Лазаров забележаа фантастична победа над Барселона 25-20 во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Лазаров, кој во 52-та минута го напушти мечот поради повреда на бутниот мускул имаше маестрален учинок со седум голови, од кои три од седум метри. 

Еден погодок помалку од Лазаров постигна Канелјас, а јунак на Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален натпревар е голманот, Омбрадос со 13 интервенции, од кои три седмерци.

Капитенот на македонската селекција со помош на клупскиот доктор ја напушти салата, а за сериозноста на повредата дополнително ќе се обелодени.

Мх.П.