Потесните фаворити за титулата во Лигата на Шампиони се избегнаа и нема да се судрат во 1/4 финалето од најеминетното клупско натпреварување во Европа.

Главниот претедент Манчестер Сити за противник го доби Тотенхем, шпанскиот првак Барселона ќе се судри со Манчестер Јунајтед. Водечката екипа во Серија А, Јувентус ќе се сретне со Ајакс, додека на Ливерпул му падна „бингото“ Порто.

Победникот од дуелот Тотенхем – Манчестер Сити во 1/2 финалето ќе игра со подобриот од двомечот Ајакс – Јувентус, додека на другата страна од костурот во полуфиналето силите ќе ги одмерат победниците од Ливерпул – Порто односно Барселона – Манчестер Јунајтед.

Првите натпревари се играат на 9/10 април, а реваншите недела дена подоцна.

Двојки:

1.Ајакс – Јувентус

2.Ливерпул – Порто

3.Тотенхем – Манчестер Сити

4.Барселона – Манчестер Јунајтед

OhridNews