Пласманот во големото финале во Лигата на Шампиони му се насмевнува на италијанскиот првак Јувентус кој со 2-0 го совлада Монако на „Луј Втори“ стадиониот во првиот полуфинален натпревар.
Италијаните по кој знае кој ја покажаа менталната сила и способноста да одиграат најдобро и најпаметно кога е најпотребно. „Бјанконерите“ креираа неколку прилики, а искористија две преку Гонзало Игуаин кој реализираше во 29-та и 59-та минута.
Реваншот за шест дена во Торино судејќи по првиот меч (ќе) треба да биде само чиста формалност, бидејќи никој италијански состав не прокоцкал водство 2-0 после првиот натпревар.
OhridNews