На 2 март ќе започне продажбата на билетите за финалето од Лигата на Шампиони, а цената на билетите ќе биде од 70 до 200 евра.

10 000 навивачи ќе може да учествуваат во купувањето на влезниците пополнувајќи „он лајн“ формулар па потоа да бидат дел од лотаријата за добивање на влезници. “Он лајн“ продажбата ќе започне на 2 март во 12 часот а ќе заврши на 16 март во 12 часот.


Финалниот натпревар оваа година се игра на 27 мај на Олимпискиот стадион во Рим, кој има капацитет од 67.000 гледачи.

“Олимпико“ е изграден за потребите на Олимписките игри во 1960 година. Два пати досега беше домаќин на финалето од Лигата на Шампиони. Во 1977 г. Ливерпул на пенали ја совлада Борусија Менхегладбах, додека 1996 Јувентус исто така на пенали го совлада Ајакс.


Олимпико беше домаќин на финалето од Светското Првенство 1990 година кога Германија ја совлада Аргентина со 1-0.

ohridnews