Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во Лигата на Шампиони откако пред своите гледачи изгубија од Мотор Запорожје 23-21 (9-12).


„Металурзите“ до 45 минута од натпреварот контролираа се на теренот, но несватливо во финишот имаа пад во играта и им ги препуштија бодовите на гостите.

Искусната екипа на Мотор со триумфот над Металург се зацврсти во горниот дел од табелата додека „сините“ со четвртиот пораз во серија се наоѓаат во долниот дел.

Во следната осма рунда избраниците на Лино Червар ќе ги одмерат силите со тимот на Кадетен Шафхаузен.

Ohridnews