Германскиот состав Флензбург ќе му биде ривал на македонскиот ракометен првак Вардар во 1/4 финалето во најеминетното клупско натпреварување Лигата на Шампиони.


Ракометарите на Флензбург за пласман меѓу осумте најдобри го елиминираа тимот на Мешков Брест со две победи и вкупен резултат 54-51.

Германците се стари и големи должници на „црвено црните“, бидејќи пред три години поради гол повеќе постигнат во гости обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Келн кој подоцна и го освоија.

Најголемо изненадување во осминафиналето приреди составот на Монпеље кој го елиминираше бранителот на трофејот Киелце. Французите два пати го совладаа полскиот тим кој воопшто не наликува на оној од минатата сезона кој ја покори Европа.

Со одигрувањето на реванш мечеви во осминафиналето се комплетираа четвртфиналните парови.

Резултати: ПСЖ – Нант 35-27 (26-26), Монпеље – Киелце 28-26 (33-28), Загреб – Веспрем 29-19 (23-22), Силкербог – Пик Сегед 33-24 (26-24), Мешков Брест – Флензбург 28-26 (26-25), Кил – Рајн Некар 26-24 (24-25).

Двојки 1/4 финале: Кил – Барселона, Флензбург – Вардар, Пик Сегед – ПСЖ, Веспрем – Монпеље.

OhridNews