Натпреварите од шестата последна рунда во А и Б групите ќе бидат во фокусот на фудбалска јавност, бидејќи директно ќе одлучуваат за патниците во следната фаза.


Во А групата, Пари Сент Жермен и Арсенал ќе се борат за првата позиција, додека Базел и Лудогорец за третото место кое води во Лигата на Европа.

ПСЖ во пресрет на дуелот со Лудогорец има ист број поени со Арсенал, но меѓусебниот скор е на страна од французите. Со триумф на домашен терен „светците“ ќе си го обезбедат првото место, без разлика како ќе заврши мечот меѓу Базел – Арсенал.


Бенфика и Наполи во меѓусебен дуел ќе решаваат за првата позиција во Б групата, но и Бешикташ е во игра кој има бод помалку на табелата.

Реми меѓу Бенфика и Наполи им одговара на италијанците, а со триумф во Киев против Динамо фудбалерите на Бешикташ ги носи во нокаут фазата.

Двојки:

Група А: ПСЖ – Лудогорец, Базел – Арсенал

Табела: ПСЖ 11, Арсенал 11, Лудогорец 2, Базел 2.

Група Б: Бенфика – Наполи, Динамо Киев – Бешикташ

Табела: Наполи 8, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 2

Група Ц: Барселона – Борусија Менхенгладбах, Мен Сити – Селтик

Табела: Барселона 12, Мен Сити 8, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2.

Група Д: Баерн Минхен – Атлетико Мадрид, ПСВ – Ростов

Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн Минхен 9, Ростов 4, ПСВ 1

OhridNews