Тагата за поразот од Барселона во финалето од Лигата на Шампиони кратко траеше за фудбалерите на Јувентус кои како прваци беа пречекани од своите миленици во Торино.
Јувентус иако не успеа да ја освои тројна круна, сепак по кој знае кој ги освои срцата на „црно-белите“ навивачи кои се најбројни во светот.
Низ насмевка Буфон, Пирло и останатите соиграчи аплаудираа во центарот од Торино каде ечеше песна до раните утрински часови.
Ohridnews