Навивачите на Баерн Минхен со закаснување од 15 минути се појавија на трибините од Емирати каде нивниот состав ги одмери силите со Арсенал во Лигата на Шампиони.

Причината за бојкотот на воведните минути од натпревар беше превисокиот износ на билетите за дуелот меѓу двата тима.

Цената на билетот за мечот меѓу Арсенал и Баерн Минхен беше 64 фунти, а за истиот меч, но на Алијанц арената влезницата чини 22 фунти.

Затоа германските навивачи имаа порака на трибините оставено на која пишуваше : Фудбалот без нас не вреди ништо !.

Ohridnews