Турскиот гигант Галатасарај на гостувањето во Андерлехт бодови ќе брка без македонскиот интернационалец Горан Пандев во тимот.
Италијанскиот стратег Чезаре Прандели одново го „отпиша“ Пандев откако прв пат „заборави“ за дуелот со Борусија Дортмунд во Германија.
Галатасарај во Белгија против Андерлехт ќе атакува на победа, која ќе ги им ги отвори вратите за Лигата на Европа.
Во спротивно со пораз турците ги завршуваат евроските натпревари за оваа сезона.
Мх.П.