На Олд Трафорд против Волфзбург во втората рунда Манчестер Јунајтед без четворица фудбалери ќе ги брка првите бодови во новата сезона од Лигата на Шампиони.
Од списокот на менаџерот Луис ван Гал за мечот со германскиот клуб поради повреди отпаднаа Маркос Рохо, Антонио Валенсија, Мајкл Керик и Андер Ерера.
И без овие играчи „црвените ѓаволи“ мора да атакуваат на победа бидејќи во првото коло претрпеа пораз од ПСВ Ајндховен 2-1 иако водеа во мечот.
Единствено добра вест за холандскиот стратег е враќањето на Фил Џонс кој одигра 20 минути на дуелот со Сандерленд во Премиер лигата.
Мх.П.











