Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал има големи проблеми во пресрет на дуелот со ПСВ Ајндховен во петтата рунда од Лигата на Шампиони.

„Ѓаволите“ со триумф над холандскиот првак ќе го осигураат пласманот во нокаут фазата, но целиот плен ќе го бркаат без неколку стандардни првотимци.

Мечот со Ватфорд кој Јунајтед го доби со погодок во судиското продолжение го пропуштија Марсијал, Валенсија, Шо, Руни, Карик и Фелаини, а на него се повредија Џонс и Ерера.

Без сите овие фудбалери Ван Гал ќе има голем проблем да го состави тимот кој ќе му се реваншира на ПСВ за поразот од првиот меч во Холандија.

Ohridnews