Екипата на Ѓер по втор пат во групата од Лигата на Шампиони го совладаа македонскиот првак Вардар овој пат со минимални 27-26.


Хероината на унгарките е норвешката репрезентативка Хејди Локе која победата ја обезбеди со погодокот во последните секунди од натпреварот.

Македонските ракометарки одлично го започнаа мечот и првиот дел го добија со солидни (17-14).

Но „црвено црните“ несватливо имаа пад во вториот дел што ги чинеше губење на предноста, а подоцна и пораз.

После овој пораз избраничките на Индира Кастровиќ во втората фаза од ЛШ ќе пренесат четири бодови оние од дуелите со дански Митјиланд.

Мх.П.