Екипите од Манчестер, Јунајтед и Сити тешко со судни маки успеаја да ги впишат првите бодови во Лигата на Шампиони победувајќи ги германските противници Волфзбург односно Борусија Менхенгладбах со идентични 2-1.


„Црвените ѓаволи“ на крилата од Хуан Мата успеаја да го свртат резултатот во своја полза по негативата 1-0. Шпанецот ја анулираше предноста на гостите со гол од белата точка, а потоа маестрално асистираше до Крис Смолинг кој со лизгачки старт ја затресе мрежата за комплетен пресврт.


Во иста режија и „граѓаните“ ја забележаа првата победа во новата сезона во ЛШ. Премиерлигашот губеше 1-0, а во последниот половина час преку Николас Отаменди и Серхио Агуеро постигна два погодоци и ги осигура трите бодови.

Резултати : 

Група А : Малме-Реал Мадрид 0-2, Шахтјор-ПСЖ 0-3



Табела : Реал Мадрид 6, ПСЖ 6, Малме 0, Шахјтор 0.

 

Група Б : ЦСКА Москва-ПСВ Ајндховен 3-2, Манчестер Јунајтед-Волфсбург 2-1 

Табела : ПСВ 3, Манчестер Јунајтед 3, ЦСКА Москва 3, Волфзбург 3.

 

Група Ц : Астана-Галатасарај 2-2, Атлетико Мадрид-Бенфика 1-2.


Табела : Бенфика 6, Атлетико Мадрид 3, Астана 1, Галатасарај 1.

 

Група Д : Борусија Менхенгладбах-Манчестер Сити 1-2, Јувентус-Севилја 2-0.


Табела : Јувентус 6, Севиља 3, Манчестер Сити 3, Борусија Менхенгладбах 0.

Мх.П.