Фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер ќе биде запишан во аналите на Лигата на Шампиони, откако побара измена поради гласните свирежи од навивачите на Бешикташ.
На 21-годишниот фудбалер не му помогнаа ниту тампоните во ушите и после половина час игра го напушти теренот видно вознемирен и уплашен.
Бешикташ токму на крилата од навивачите го доби мечот со 2-0 и ја запиша втората победа во фазата по групи во ЛШ, а за случајот „Вернер“ долго ќе се зборува на Водафон арената.
OhridNews