Италијанскиот првак, Јувентус по голема борба на теренот со два голови во финишот ја совлада Севиља (3-1) во дербито од Е-Х сегментот во Лигата на Шампиони.


„Старата дама“ до трите бодови и првата позиција во групата стигна со пресврт. Домаќините поведоа рано во 9-та минута преку Николас Пареха и одлично го отворија мечот.


И после водечкиот гол Севиља доминираше и имаше шанси за втор погодок, но непотребните два фаули на Лукас Васкез кои Марк Клатенбург ги санкционираше со жолти картони, автоматски црвен ја сменија ситуацијата на теренот. Незадоволен од неколкуте судиски одлуки бурно реагираше домашниот тренер Сампиоли кој мечот го догледа од трибините на стадионот.


Теренеската иницијатива „бјанконерите“ ја крунисаа пред крајот на првиот дел кога го изедначија резултатот. Клаудио Маркисио успешно го реализираше ударот од белата точка.


Комплетниот пресврт италијаните на свој препознатлив начин го комплетираа во 84-та минута. Дефанзивецот Бонучи со помош од потесната одбрана на Севиља ја погоди мрежата на домаќините за водство 2-1. Печат на големата победа во Андолузија стави Марио Манџукиќ со гол во судиското продолжение.


Сепак, шоуто на вечерта го украдоа екипите на Борусија Дортмунд и Легија кои одиграа меч со вкупно 12 погодоци. „Милионерите“ победија со 8-4, а седум од дванаесетте голови паднаа во првиот дел односно од 10-та до 32-та минута.

Во Е групата Монако со триумфот над Тотенхем ја обезбедија лидерската позиција додека англискиот премиерлигаш со ЦСКА Москва ќе се бори за третата позиција која води во Лигата на Европа и ќе чека кикс на Леверкузен против францускиот состав. Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат за првиот во Ф групата, а Лестер со победата над Клуб Бриж и теоретски ја обезбеди првата позиција. Во последната рунда од Х групата, Лион и Севиља ќе се борат за вториот патник во нокаут фазата, откако Јувентус си ја „чекираше“ визата за европска пролет.

Резултати:

Група Е: ЦСКА Москва – Баер Леверкузен 1-1, Монако – Тотенхем 2-1 

Табела: Монако 11, Баер Леверкузен 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.

Група Ф: Борусија Дортмунд – Легија 8-4, Спортинг Лисабон – Реал Мадрид 1-2

Табела: Борусија Дортмунд 13, Реал Мадрид 11, Спортинг Лисабон 3, Легија 1.

Група Г: Копенхаген – Порто 0-0, Лестер – Клуб Бриж 2-1 

Табела: Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Клуб Бриж 0

Група Х: Динамо Загреб – Лион 0-1, Севиља – Јувентус 1-2 

Табела: Јувентус 11, Севиља 10, Лион 7, Динамо Загреб 0.

OhridNews