Триумфот на холаднскиот првак ПСВ Ајндховен над Манчестер Јунајтед 2-1 на отворањето на Лигата на Шампиони падна во сенка по страотната повреда на Лук Шо.
Англискиот репрезентативец се здоби со двојна фрактура на десната подколеница по дуелот со Мексиканецот, Морено во 15-та минута од натпреварот.
Медицинската екипа од два тима се погрижи за англискиот репрезентативец да биде изнесен на носилки од Филипс Арената која го поздрави со громогласен аплауз.
Ohridnews