Женскиот ракометен првак Вардар забележа нова победа во Лигата на Шампиони триумфирајќи со 47-29 (24-12) против Крим во Словенија.


„Црвено црните“ ракометарки имаа голгетерска експлозија постигнувајќи најверојатно најмногу погодоци во еден натпревар од Лигата на Шампиони вкупно 47.

Дилемата околу победникот беше решена уште во првиот дел, кој „вардарки“ го добија со 12 голови разлика.

Второто полувреме чиста формалност, но гостинските ракометарки немаа никаква милост и до врв ја наполнаа мрежата на словенките.

Со третата победа во групната фаза избраничките на Индира Кастратовиќ останаа во игра за високите позиции на табелата.

Мх.П.