Најефикасната екипа со рекордни 24 погодоци и една од двете со максимален ефект после пет натпревари во Лигата на Шампиони, Пари Сент Жермен ќе биде на вистински тест во Минхен каде ќе се сретне со германскиот првак, Баерн.
Дерби пресметката на „Алијанц Арената“ директно одлучува за првата позиција во Б групата и релативно полесен противник во осминафиналната фаза во ЛШ.
На „светците“ во Минхен им одговара бод или пораз со два голови разлика, но амбициите сезонава не им дозволуваат такво нешто на Нејмар, Кавани, М`бапе и останатите.
„Баварците“ полека се консолидираат по доаѓањето на Хуп Хејкенс и било каков триумф против расположениот ПСЖ ќе ја потврди добрата атмосфера во екипата.
Во останатите групи ќе се разигрува за првата позиција и местата кои водат во понатамошната фаза.
Двојки:
Група А: Бенфика – Базел, Мен Ју – ЦСКА Москва
Табела: Мен Ју 12, Базел 9, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0
Група Б: Баерн Минхен – ПСЖ, Селтик – Андерлехт
Табела: ПСЖ 15, Баерн Минхен 12, Селтик 3, Андерлехт 0
Група Ц: Челси – Атлетико Мадрид, Рома – Карабах
Табела: Челси 10, Рома 8, Атлетико Мадрид 6, Карабах 2
Група Д: Барселона – Спортинг Лисабон, Олимпијакос – Јувентус
Табела: Барселона 11, Јувентус 8, Спортинг 7, Олимпијакос 1
OhridNews