Екипите на Монако и Атлетико Мадрид се последните патници во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, откако успешно ги минаа Манчестер Сити односно Баер Леверкузен во осминафиналето.


Монако на домашен терен го совлада Манчестер Сити со 3-1 и благодарание на голот повеќе во гости го елиминираше англискиот премиерлигаш кој на Етихад славеше со 4-2. „Кнезовите“ со головите на M`бапе и Фабињо после половина час игра затропаа на четвртфиналната врата. Лерој Сане во 71-та минута ги сврте работите со голот за „гранаѓаните“, но Бакајоко шест минути подоцна погоди за 3-1 резултат кој домаќините го задржаа до крајот на мечот.  


Фудбалерите на Атлетико Мадрид со реми без голови на Винсенте Калдерон го заверија пласманот меѓу осумте најдобри. „Јорганџиите“ во првиот меч во Германија славеа со 4-2 што се покажа доволно за пласман во четвртфиналето.


Пласман во 1/4 финалето обезбедија германските екипи Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона и шампионите од Англија и Италија, Лестер односно Јувентус. Ждрепката за двојките во 1/4 финалето е закажана во петок точно на пладне.

OhridNews