По три неделна пауза се одигра третото коло во Лигата на Шампиони. Офанзивно се играше во ова коло, во кое на 8 натпревари беа постигнати 25 гола.


Дербито на Британија му припадна на Манчестер Јунајтед кој со двата голови на Бербатов и еден на Руни го совлада Селтик со 3-0.

Девет гола може да видат љубителите на фудбалот на ЕЛ Мадригал. Со хеттрикот на Лоренте екипата на Виљареал славеше над данскиот преставник со високи 6-3.


ТАБЕЛА: Манчестер Ј. 7 Вилјареал 7, Селтик и Алборг по 1 бод.

Наредно коло: Селтик – Манчестер Ј.    Алборг-Виљареал.

Неверојатен пресврт на францускиот Лион, kој успеа дефицитот од 2-0 по 20 мин игра да го заврти во своја корист и на крајот да победи со 5-3,. Tворци на победата беа напаѓачкиот двоец Бензема и Фред кои постигнаа по два погодоци.


Баварците без проблем ја совладаа Фиорентина со 3-0.Стрелци во убелдивата победа беа Клосе и Швајнштангер во првиот и Зе роберто во вториот дел.

ТАБЕЛА: Баерн М 7, Олимпик Л. 5, Фиорентина 2,  Стеауа 1 бодови.

Наредно коло: Фиорентина – Баерн М, Олимпик Л. – Стеуа.

Најголемото изненадување на мечевите во ова коло од Лигата на Шампиони го приреди Динамо К кој со голот на Алиев го совлада Порто на Драгао.


Напаѓачки расположените топџиите го торпедираа минатогодишниот 1/4 финалист Фенрбахче со 5-2. Пет различни играчи стрелаа прецизно за Лондонскиот тим кој стигна до втората победа во групата.

ТАБЕЛА: Арсенал 7, Динамо (К)5, Порто 3,  Фенербахче 1 бодови.

Наредно коло: Арсенал – Фенербахче, Динамо К – Порто.

Најпривлечниот натпревар во коло од Лигата на Шампиони помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, им припадна на бјанко нерите со 2-1, резултатот го отвори Дел Пиеро, на почетокот на вториот дел Амаури зголеми на 2-0,  додека почесниот гол го постигна Ван Нистерлој за 2-1.


Без победник 1-1 заврши мечот помеѓу Зенит и Бате Б.  дебитантите во ЛШ.

ТАБЕЛА:  Јувентус 7, Реал М 6, БАТЕ Б. 2, Зенит 1 бодови.

Наредно коло: Реал М – Јувентус, БАТЕ Б. – Зенит.