Прваците од Италија и Англија, Јувентус и Лестер првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони ќе ги одиграат на гостински терен. „Старата дама“ гостува во Порто, додека „лисиците“ на пеколниот стадион од Севиља, Санчез Писхуан.


Англискиот шампион мака мачи во Премеир лигата, но во ЛШ беше првата екипа која обезбеди пласман во нокаут фазата. Севиља, пак, со победите над Реал Мадрид и Барселона на домашен терен во Ла Лига покажа зрелост за нешто повеќе во ЛШ сезонава.

„Бјанконерите“ и сезонава атакуваат на највисокиот подиум во ЛШ, а првиот меч со Порто на Драгао стадионот ќе биде вистински тест за нивните амбиции. Во минатото Порто знаел да му создава проблеми на фаворитите, а Јувентус не смее да има, ако сака да се бори за трофејот во ЛШ.

Можни состави:

Севиља: Рико, Маријано, Рами, Ленглет, Ескудеро, Н`зонзи, Ибора, Витоло, Насри, Јоветиќ, Бен Једер.

Лестер: Шмајхел, Симпсон, Морган, Хут, Фукс, Дринквотер, Марез, Н`дид, Греј, Оказаки, Варди.

Порто: Касиљас, Макси Переира, Маркано, Филипе, Алекс Телеш, Данило, Ерера, Оливер Торес, Брахими, Андре Силва, Соарез.

Јувентус: Буфон, Лихштајнер, Ругани, Киелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Кедира, Квардадо, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.

OhridNews