Англискиот шампион Манчестер Сити новата сезона во Лигата на Шампиони ќе ја отвори пред своите гледачи против вицепрвакот од минатата сезона Јувентус.


Менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини се соочува со голем проблем откако поради повреда за дуелот со италијаните отпадна Серхио Агуеро.

Аргентинецот на мечот со Кристал Палас во Премиер лигата играта ја напушти во 25-та минута со помош од лекарската екипа.

Се уште не се знае точната прогноза за повреда на Агуеро, но според предвидувањата тој на теренот ќе се врати за недела дена.

Ohridnews