Манчестер Сити има големи планови сезонава во Лигата на Шампиони, а тие ги потврди со убедливиот триумф (5-0) против Стеауа во првиот меч од бараж натпреварите.


„Граѓаните“ од почетокот до крајот доминираа на теренот. Во главна улога беше Серхио Агуеро кој во првите 20 минути не реализираше два пенали, а подоцна комплетираше три погодоци.

Останатите два за англискиот преставник во ЛШ ги постигнаа капитенот Давид Силва и шпанскиот репрезентативец, Нолито.


Резултати: Ајакс – Ростов, Динамо Загреб – Салзбург, Копенхаген – АПОЕЛ 1-0, Стеауа 0-5, Јанг Бојс – Борусија Менхенгладбах 1-3.

OhridNews