Првите 90 минути им беа доволни на „граѓаните“ да го сомелат Базел (4-0) и да обезбедат речиси сигурен пласман во 1/4 финалето, додека Јувентус и Тотенхем допрва во Лондон ќе се борат за влез помеѓу најдобрите осум во Лигата на Шампиони, откако дуелот во Торино заврши без победник 2-2.

Избраниците на Пеп Гвардиола во првиот меч на „Сент Јакоб“ стадионот победувајќи го Базел со 4-0 на дело покажаа зошто се фаворити број за титулата сезонава. Од 14-та до 23-та минута Гундоган, Бернандо Силва и Агуеро ја погодија мрежата и го најави потопот на домаќините. Во вториот дел Гундоган со уште еден погодок ја завери убедливата победа. 

Јувентус и Тотенхем одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2, а текот на резултатот можеше да биде многу поразличен. Гонзало Игуаин во 2-та минута погоди за 1-0, а седум минути подоцна зголеми на 2-0. Половина час им беше потребен на „петлите“ да се соземат и преку Кејн да се вратат во игра. Пред крајот на првиот дел Игуаин при резултат 2-1, Игуаин ја погоди гредата од белата точка и пропушти шанса да донесе нова предност од два погодоци за „бјанконерите“. Во второто полувреме Тотенхем го притисна Јувентус, а тоа вроди со плод во 72-та минута кога Кристијан Ериксен го фати на крива нога Џиџи Буфон од слободен удар и го изедначи резултатот. 

Осминафиналните возбудувања ќе продолжат во среда со дербито помеѓу Реал Мадрид – ПСЖ и Порто – Ливерпул.

OhridNews