Убедливиот пораз на Ноу Камп (4-0) и домашниот терен, не може да биде поголема мотивација за фудбалери на Манчестер Сити пред дуелот со Барселона во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Покрај желбата за реванш, избраниците на Пеп Гвардиола имаат и обврска да победат бидејќи со кикс на Етихад против Барселона, а ако Борусија Менгладбах победи со Селтик во Германија ќе го помине англискиот премиерлигаш на табелата.
Гвардиола, сигурно после поразот на Ноу Камп анализирал премногу и ќе најде решение за триото Меси, Суарез и Нејмар кое му пресуди на мечот од третата рунда.
Двојки:
Група А: Базел – ПСЖ, Лудогорец – Арсенал
Табела: Арсенал 7, ПСЖ 7, Базел 1, Лудогорец 1.
Група Б: Бешикташ – Наполи, Бенфика – Динамо Киев
Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1.
Група Ц: Борусија Менхенгладбах – Селтик, Манчестер Сити – Барселона
Табела: Барселона 9, Мен Сити 4, Менхенгладбах 3, Селтик 1.
Група Д: Атлетико Мадрид – Ростов, ПСВ – Баерн Минхен
Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн Минхен 6, ПСВ 1, Ростов 1.
OhridNews