Англискиот првак Манчестер Сити обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите. Во мечот да се биде или не на Олимпико „граѓаните“ со 2-0 ја совладаа Рома.


Со пласманот во елиминациската фаза избраниците на Мануел Пелегрини не дозволија нов срам на премиерлигашите откако Ливерпул ги заврши мечевите во ЛШ.

Францускиот репрезентативец Самир Насри со вистински проектил во 60-та минута го отвори резултатот, а Пабло Забелета во 86-та минута го запечати пласмано во нокаут фазата.

Резултати :

Група Е: Баерн-ЦСКА 3-0, Рома-Манчестер Сити 0-2


Табела: Баерн 15, Мен Сити 8, Рома 5, ЦСКА 5.

 
Група Ф: Барселона-ПСЖ 3-1, Ајакс-АПОЕЛ 4-0


Табела: Барселона 15, ПСЖ 13, Ајакс 5, АПОЕЛ 1

 
Група Г: Челзи-Спортинг 3-1, Марибор-Шалке 0-1


Табела: Челзи 14, Шалке 8, Спортинг 7, Марибор 3.

 
Група Х: Атлетик Билбао-БАТЕ Борисов 2-0, Порто-Шахтјор 1-1

Табела: Порто 14, Шахтјор 9, Атлетик 7, БАТЕ 3.

 

Мх.П.